На Пепиќ му се слоши во судница, судењето за „Титаник“ прекинато

На обвинетиот Мунир Пепиќ му се слоши при денешното рочиште во предметот „Титаник“, по што судијата Осман Шабани го прекина судењето. Тој не се чувствувал добро, и побарал да излезе од судницата за да земе воздух.

Од судењето во „Титаник“, Пепиќ треба да оди на судење за настаните од „27 април“.

Се вчитува...

Судот повика лекари кои што во моментов му укажуваат помош на Пепиќ. Сега лекарите треба да дадат извештај околу неговата здравствена состојба и дали тој ќе може да го следи судењето за настаните за насилствата во Собрание.

Извор: ТВ21