Македонија

На полноќ почнува изборната кампања за локалните избори на 17 октомври

Дваесетдневната кампања за изборите за градоначалници на општините закажани за 17-ти октомври започнува на полноќ и ќе трае до 15-ти октомври. Во изборниот натпревар, според статистиката на ДИК, влегуваат близу 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини во земјава и градот Скопје.

Партиите сите без исклучок се залагаат за фер, демократски и слободни избори со почитување на мерките за заштита.

На претстојните избори, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, запишани во изводите од Избирачкиот список што ДИК го заклучи во петокот.

На овие избори првпат за идентификација на гласачите ќе се користат скенери за отпечатоци, а предвидена е и можност за гласање со истечени лични документи, како и ако лицето не е првично запишано во Избирачкиот список, ама ги исполнува условите да го реализира правото на глас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни