Македонија

На референдумот на 30. септември се врати полнењето на кутии во Македонија, рече Ѓорчев во „Click Plus“

„На овој референдум се врати полнењето на кутии во Македонија“, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев изјави вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Ѓорчев не откри на на што алудираше кога рече дека се вратило полнењето на кутии во Македонија. Референдумот беше прв изборен процес кој се реализира додека СДСМ е на чело на власта во Македонија.

Против ВМРО-ДПМНЕ во моментов се водат неколку истраги за изборни нерегуларности кои ги отвори Специјалното Јавно Обвинителство.

За вечерашната дебата беа поканети и претставници од СДСМ, но од таму не одговорија на нашата покана.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни