На Санторини за пет дена регистрирани 1.440 земјотреси – одржан итен состанок на премиерот со властите

Околу 1.440 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море од 1 февруари, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција.

Околу 440 земјотреси биле над три степени според Рихтеровата скала, а 73 биле над четири, се додава.

Денеска на островот беа регистрирани 45 земјотреси, од кои два со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала и десет со јачина од три степени.

Во меѓувреме, во Атина се одржа итен состанок со кој претседаваше премиерот Кирјакос Мицотакис и на кој присуствуваа министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас и експерти.

Говорејќи на состанокот, Ефтимиос Лекас, водечки геолог и шеф на Агенцијата за планирање и заштита од земјотреси во земјата (ОСАП), предупреди на висок ризик од лизгање на земјиштето во Санторини поради земјотресот.

Исто така, Костас Папазахос, истакнат експерт за геофизика и сеизмологија, рече: „Се чини дека ситуацијата се подобрува кога станува збор за сеизмичката активност“.

Тој апелираше до жителите на островот да останат смирени.

По презентацијата на експертите, Микотакис рече дека денеска се малку пооптимисти од вчера.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното