Снегот што недостига во ски центрите ја остави Македонија без илјадници туристи, предизвикувајќи дополнителни финансиски проблеми. По две години ковид пандемијата, одморалиштето Попова Шапка и локалните сместувачки капацитети се надеваа на профитабилна ски- сезона. Вообичаено на Шапка снег има од ноември до април. Илјадници скијачи, сноубордери, главно од Македонија и од соседството се скијаат и уживаат на падините на Шара. Годинава, поради високата, невообичаена температура, не забелеаја скијачките патеки, туристите засега изостанаа.
Хисни Исмаили, е локален жител, вели дека тука за прв пат нема снег.
„Ваква клима не е забележана во последните 25 години. А првпат нема снег. Интересно е да се видат расцутените цвеќиња долж падините што покажува како да е пролет, а не зима“, изјави Исмаили
Резервации се откажуваат, нови нема – велат сопствениците на сместувачките капацитети.
„Состојбата со нашиот хотел е релативно во ред, но невообичаена е температурата. Вакви сончеви денови немало во последните 10 години. Во тешка состојба сме поради намалувањето и откажувањето на аранжманите“, изјави Хашим Хасани – сопственик на хотел.
„Состојбата е тешка, поради недостигот на снег сите клиенти кои веќе платија, ги откажаа патувањата. Како да е лето, а зимата доаѓа“- изјави Живе Алексовски, управител на одморалиштето Попова Шапка.
Попова Шапка е една од најпосетуваните туристички дестинации во земјава, ги задоволува вкусот и на љубителите на зимските спортови, но и на оние што доаѓаат на прошетка и топол чај. Падините се предизвик за скијачите.
Андријана Ѓурческа