Македонија

„На сите кај кои не може да се достави решение за изолација јавно ќе ги објавиме – ни приватноста не е побитна од јавното здравје“, рече Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека викендов треба да се донесе и одлука за сите лица кај кои нема да може да се достави решение за изолација јавно да бидат објавени.

Тој додава дека приватноста не е поважна од јавното здравје.

Апсолутно мислам дека треба да се санкционираат, затоа што е сериозно загрозување на јавното здравје. Недозволиво е да се организира собир, а притоа да не се кажуваат контактите. Со санкционирањето да докажеме дека ова е сериозна работа, дека станува збор за заштита на јавното здравје, со превентивните мерки секој од нас се штити и индивидуално, рече Филипче.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни