За време на час, се урнал таванот во средно училиште во Бечер, соседна Србија.
Според информациите, една ученичка е повредена.
Парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката веднаш била транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад.
„Одеднаш слушнавме тресок, како некој да фрли стол, се свртевме и видовме делови од таванот на подот и ја слушнавме мојата другарка како плаче“, рече еден од учениците.
Откако се случил инцидентот, училиштето било евакуирано. Во моментов заседава кризниот тим на училиштето.
