Судот во Лос Анџелес го одби предлогот на одбраната да се отфрлат три обвиненија за силување против екс холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Судијката Лајза Ленч пресуди и дека обвинителството ќе мора да го промени четвртото обвинение.
Инаку, некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, 69-годишниот Харви Вајнстин, кој беше осуден на судењето во Њујорк минатата година, се соочува со вкупно 11 нови обвиненија за силување и сексуални напади поднесени од пет жени во Калифорнија измеѓу 2004 и 2013 година.
Доколку биде обвинет за сите 11 точки од обвинението, Вајнстин би можел да добие доживотен затвор, односно казна затвор од 140 години.
Тој се изјасни за невин пред судот по четири точки од обвинението за силување и седум други точки за сексуален напад.
Беше екстрадиран во Калифорнија од Њујорк, каде што веќе отслужува 23 години казна затвор за сексуална злоупотреба и силување.
