Велика Сабота е последниот ден од Велигденскиот пост. Во христијанството е позната и како Страшна Сабота – денот кога, по распнувањето, Исус Христос го поминал во Адот, каде што им го проповедал Евангелието на мртвите.
Со тоа завршува Страдалната недела – неделата на неговото страдање.
Со Велика Сабота во нашиот народ се поврзани многу обичаи – се довршуваат домашните работи пред најголемиот христијански празник, а еве што треба да се најде на трпезата.
Ако досега не сте ги офарбале велигденските јајца, Велика Сабота е ден кога тоа сè уште може да се направи.
Утрото се чисти куќата, но подоцна не се препорачува да се шие, да се крпи или да се работи во градина или поле. Направете добро дело за да ви бидат следните месеци поубави и поуспешни.
Бидејќи ова е и последен ден од Велигденскиот пост, втор ден на жалост по Христовото страдање, денот поминете го во тишина и молитва, со посна храна.
Според обичајот, на Велика Сабота се меси велигденски леб и колачи. Обично се кружни, со дупка во средината каде што се става велигденско јајце.
На трпезата треба да има сурова или храна подготвена на вода.
Навечер се јаде само леб и се пие само вода.
Со полноќната литургија завршуваат деновите на жалост и Великиот пост, а започнува најголемиот христијански празник – Велигден.
