Македонија

„На заслужен одмор сум“: Каде замина Вилма Рускоска по разрешувањето?

„На заслужен одмор сум“: Каде замина Вилма Рускоска по разрешувањето?

Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, по долг период на медиумски молк, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри каде се наоѓа и како го поминува времето по нејзиното разрешување од функцијата.

На прашањето каде заминала, Рускоска со насмевка одговори дека е на заслужен одмор, односно во пензија.

На прашањето дали ужива во овој „одмор“, таа децидно одговори: „Да, апсолутно“.

Иако со години беше една од најекспонираните фигури во македонскиот правосуден систем, Рускоска вели дека денес она што моментално се случува на општествено-политичката сцена веќе не ја интересира.

„Само повремено читам, на пример за тоа што се случува во Тајм.мк, колку да бидам малку во тек, но не премногу“, вели таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни