Свет

Над 1.100 медицински лица од Германија ќе одат во Украина и соседните земји за да помогнат

Над 1.100 медицински лица од Германија се регистрирани на порталот на Сојузното лекарско здружение, за да отидат во Украина и во соседните земји, со цел да им помогнат на болните и на ранетите. Информацијата ја даде претседателот на здружението, Клаус Рајнхард во изјава за „Redaktionsnetzwerk Deutschland“.

– Податоците се доказ колку солидарни се лекарите, со украинскиот народ. Работата таму може да им биде животозагрозувачка, истакна Рајнхард.

Рајнхард додаде дека германското сојузно лекарско здружение, во моментов преговара со Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и со амбасадите на Украина и на соседните земји, околу тоа како најдобро да се распоредат медицинските лица. Тој нагласи дека на лекарите кои работат на украинска територија, мора да им се гарантира безбедност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни