Повеќе од две илјади новинари од светски медиуми добија акредитација за да известуваат за церемониите поврзани со поклонението и погребот на папата Франциск, пренесува АНСА. Тие се придружуваат на постојаните 500 акредитирани новинари кои редовно ги следат настаните од Ватикан.
За безбедноста за време на погребот се ангажирани околу 2.000 полицајци.
Во базиликата „Свети Петар“ денеска луѓето продолжуваат да му оддаваат почит на Папата.
Според органите на редот, на церемонијата за пренесување на ковчегот со телото на папата Франциск од резиденцијата „Санта Марта“ до базиликата, каде што поклонението ќе продолжи до петок до 19 часот по локално време, присуствувале околу 20.000 луѓе.
Еден час по завршувањето на богослужбата, во петок 20 часот ќе се одржи ритуалот на затворање на ковчегот на Папата, а него повторно ќе го предводи ватиканскиот коморник, кардиналот Кевин Фарел.