Вкупниот број на загинати сега изнесува 214 лица.
Околу 1.700 војници се вклучени во потрагата по преживеани и спасувачките операции во регионот на Валенсија. Во расчистувањето учествуваат и илјадници волонтери.
За справување со последиците од катастрофата, шпанската влада ќе испрати уште 10 илјади луѓе – војска и полиција, најави премиерот Педро Санчез, кој заедно со шпанското кралско семејство подоцна денеска ќе го посети погоденото подрачје.
Веќе се санирани 94 отсто од оштетувањата на електричната мрежа во зоната на катастрофата, а обновени се околу 50 отсто од телефонските линии, објави и Педро Санчез.
Сепак, сè уште е тешко да се утврди точниот број на исчезнати лица поради тековните проблеми со комуникациите и патиштата.
Во моментов нема информации за засегнати македонски граѓани во поплавите.