Урмашици се совршено слатко и се подготвуваат многу лесно.
Состојки:
За тестото:
– 250 гр маргарин
– 2 јајца
– 1 чаша јогурт (околу 200 ml)
– 1 прашок за пециво
– околу 600-700 гр брашно
За сирупот:
– 2 чаши шеќер
– 2 чаши вода
– 1 ванилин шеќер
Подготовка:
Во поголем сад изматете ги маргаринот, јајцата и јогуртот.
Додадете прашок за пециво и постепено додавајте брашно додека не добиете меко тесто што не се лепи за раце.
Тестото поделете го на помали топчиња и секое расукајте го во елипса дебела околу три милиметри.
Урмашите наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 до 20 минути, додека не поруменат малку.
Додека се печат, подгответе го сирупот.
Во тенџере се ставаат шеќерот, водата и ванилиниот шеќер, па се варат додека не се раствори шеќерот и смесата не стане густа. Оставете го шеќерот да се излади.
Кога урмашиците се готови прелијте ги со изладениот сируп додека се уште топли.
Оставете ги добро да се изладат и впие сирупот пред да ги послужите.
Пријатно!
