Најдосаден пат во светот се смета за дел од 256 километри без ниту еден свиок или барем угорнина или удолница, кој минува низ пустината Руб-ал-Кали во Саудиска Арабија.
Тој е дел од саудискиот автопат број 10, кој ги поврзува Ал Дарб на југозапад и Ал Бат на исток од земјата, а вкупно е долг 1.474 километри и минува во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати.
Автопатот бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. Кога беше отворен за јавноста, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолгиот прав дел од патот во светот.
Од една страна, овој пат нуди непречен и спектакуларен поглед на огромната пустина, но ако сте возач, веројатно ќе се согласите дека е досадно како пекол.
За да го поминете тоа рамно „парче“ ќе ви требаат околу два часа, што е прилично долго време кога се чувствувате како да стоите на слика. А кога ќе го видите знакот за кривина по 240 километри, веројатно ќе се чувствувате како да сте стигнале до извор низ жедната пустина.
Можеби на почетокот изгледа дека овој дел е идеален за ставање „тула на гас“, но несреќите се доста чести на него. Дел од сообраќајните несреќи секако се предизвикани од намаленото внимание на возачот.