Самиот крај на годината донесе уште една голема деловна трансакција во Хрватска.
Склучен е договор за преземање на загрепски Млинар. Хрватската компанија „Боскар инвест“ треба да стане нов мнозински сопственик, беше објавено на Загрепската берза.
Млинар е најголемата пекарска индустрија во регионот, а вредноста на работата се проценува на 100 милиони евра.
По преземањето на „Млинар“, „Боскар инвест“ ќе оствари годишни приходи од 700 милиони евра и ќе вработи повеќе од 14.000 луѓе.
