Свет

Најмалку 15 лица загинаа во несреќа во Канада (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинаа во несреќа во Канада (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинаа во  тешка сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба, соопшти полицијата.

Несреќата  се случила меѓу камион со полуприколка и автобус во кој превезувале претежно постари лица.

Полицијата соопшти дека судирот се случил на автопат во близина на Карбери.

На несреќата реагираа екипите на итната помош и авионите на брзата помош. На местото на настанот се испратени 12 возила на брза помош.

Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајцата возачи, се во болница со сериозни повреди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни