Најмалку 18 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Индонезија, а десетици се водат како исчезнати, објавија денес властите, наведувајќи дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.
Властите велат дека операцијата за спасување е комплицирана од фактот што луѓето останале закопани на длабочина од три до осум метри, објави Ројтерс. Голем број куќи и земјоделски објекти беа оштетени во лизгањето на земјиштето.
Лизгање на земјиштето беше активирано минатата недела во покраината Централна Јава по обилните дождови.