Свет

Најмалку 23 загинати во торнадо во Алабама

Најмалку 23 лица, меѓу кои има и деца, загинаа во неделата во налетот на торнадо кој предизвика огромна штета во Алабама, на југот на САД.

Иако официјално беше потврдена смртта на 14 лица, со најава дека бројката ќе порасне, до сега билансот е 23 лица, иако и оваа бројка не е конечна.

Неколку лица се водат како исчезнати а некои од нив примени во болница со тешки повреди.

„Изгледаше како некој со голем нож да помина и да ја распарчи земјата“, изјавија властите по штетата предизвиката од торнадото.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни