Свет

Најмалку 4 бебиња починаа во Газа од смрзнатини

Најмалку 4 бебиња починаа во Газа од смрзнатини

Најмалку 4 бебиња починаа од смрзнатини во Појасот Газа во последните недели.

Зимата донесе студени и поројни дождови во палестинската енклава, каде што голем дел од населението живее во шаторски кампови поради тековната израелска воена операција.

Последната голема болница во северните делови на појасот престана да работи по нападот на израелската армија.

Војската го уапсила директорот на медицинската установа и го обвинила за врски со Хамас.

Генералниот директор на Светската здравствена организација го повика Израел да ги прекине операциите против болниците.

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни