Најмалку 60 лица загинаа во Непал и Индија во катастрофални поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од повеќедневните непрекинати дождови, соопштија локалните власти.
Најмалку 47 лица загинаа во Непал, соопштија официјални лица, а повеќето од жртвите се на границата со индиската држава Западен Бенгал, објави „Индипендент“.
Шанти Махат, портпаролка на Националната агенција за управување со ризици од катастрофи на Непал, изјави дека се во тек спасувачки операции и дека се во тек потрага по исчезнатите.
Обилните дождови ги блокираа главните патишта и уништија бројни мостови, прекинувајќи ги копнените врски помеѓу главниот град Катманду и остатокот од земјата.
Најмалку 17 лица загинаа во Индија во лизгање на земјиштето предизвикано од повеќедневните непрекинати дождови.
„Губењето на животите е трагично. Според нашите информации, 11 лица загинаа во Мирик и шест во Дарџилинг, но бројката сè уште не е конечна“, изјави министерот за развој на Северен Бенгал, Удајан Гуха, опишувајќи ја ситуацијата како „алармантна“. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека властите се „посветени да им обезбедат секаква можна помош на погодените“.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Превртен камион на обиколницата кај Смиљковци