Најмалку двајца убиени во напад во синагога во Манчестер: Напаѓач со автомобил газел луѓе и прободел маж на светиот еврејски празник Јом Кипур

Најмалку две лица го загубија животот, а три други се во сериозна состојба по брутален напад што се случи пред синагога во Манчестер, северна Англија, на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Британската полиција соопшти дека осомничениот напаѓач е застрелан и се верува дека е мртов.

Трагедијата се случила во населбата Крампсал, северно од градот, кога напаѓачот најпрво со автомобил влетал во група граѓани, по што излегол и избодел маж со остар предмет.

На местото на настанот веднаш интервенирале вооружени полициски службеници, кои го застрелале осомничениот напаѓач.

„Најмалку две лица се убиени… Три други лица се во сериозна состојба“, соопшти полицијата во Манчестер, додавајќи дека истрагата е во тек.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.