Најмалку три лица загинаа во снежната бура што го погоди југот на САД

Најмалку три лица загинаа во снежното невреме што го погоди југот на Соединетите Американски Држави, од Тексас до Флорида.

Властите во Луизијана пријавија повеќе од 50 сообраќајни несреќи поради лизгави патишта, додека во Остин и Џорџија три лица загинаа како резултат на смрзнување, пренесе АБЦ Њуз.

Снежната бура ги погоди јужните американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама, Џорџија, Јужна Каролина и Флорида.

Во Алабама, властите предупредија дека сите патишта се непроодни во три окрузи.

Повеќе од 2.100 летови беа откажани низ САД, додека аеродромите во Хјустон и Талахаси беа затворени.

Аеродромите во Хјустон се очекува да бидат отворени во текот на денот, пренесува Танјуг.

Во Тексас и Луизијана за прв пат беше издадено предупредување за снежна бура.

Невремето го донесе и најсилниот снег во Њу Орлеанс од 1963 година, поради што многу училишта во Јужна Америка беа затворени, а жителите беа советувани да останат дома.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното