Македонија

Најмногу дожд во Пожаране, денеска можни се грмежи на југоистокот

Најмногу дожд во Пожаране, денеска можни се грмежи на југоистокот

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

5 Лазарополе, 6 Крушево, Маврови Анови, 8 Претор, 9 Тетово, Охрид, 10 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Берово, Кр.Паланка, 11 Скопје-З.Рид, 12 Струмица, Гевгелија, 14 Демир Капија, Штип.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 7 часот (во l/m2)

46 Пожаране, 40 Тетово, 26 Охрид, 15 Крушево, 13 Претор, 10 Прилеп, Брово, 7 Струмица, 6 Битола, 4 Крива Паланка, 2 Штип, Скопје – Петровец.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во првиот дел од ноќта вдолж поширокото Повардарие дуваше засилен јужен ветер, особено во Штипско и Демиркаписко. Времето беше облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови од земјата. Утринава врнежи има претежно во западните делови, а поинтензивни се на југозападот.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено во источните и во крајните западни делови врнежите ќе бидат пообилни, а на југоистокот ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни