Во изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Струмица наврнале 42 литри дожд на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците на УХМР, најголеми количини врнежи се измерени и во Гевгелија – 36 литри, Радовиш – 30, Претор – 29, Битола – 26, Крушево – 24, Тополчани – 23, Попова Шапка и Маврови Анови – по 18 литри, Прилеп – 17, Демир Капија – 16, Берово – 15, Виница и Пожаране – по 14, Тетово – 12, Штип и Ѓуриште – по 10, Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка и Велес – по 9, Скопје-Петровец и Куманово – по 8, а на Зајчев Рид во Скопје се измерени 6 литри дожд.
Најниските утрински температури биле забележани во Крушево, Маврови Анови и Лазарополе – 6 степени. Во Претор температурата изнесувала 8, во Берово, Крива Паланка, Прилеп и Битола – 9, во Тетово – 10, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Виница и Куманово – 11, во Велес и Штип – 12, во Гевгелија и Струмица – 13, а најтопло било во Демир Капија со 14 степени.
Денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни – над 30 литри на метар квадратен во текот на денот, со можност за грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 14 и 18 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи, поинтензивни во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.