Македонија

Најмногу снег падна кај граничниот премин Деве-Баир

Најмногу снег падна во Нерав, Огут, на Калин Камен и во селото Узем кај граничниот премин со Република Бугарија, Деве Баир.

Патиштата се проодни, засега нема проблеми во одвивање на сообраќајот, а од службата за зимско одржување при ЈП Комуналец Крива Паланка информираат дека  екипите се на терен и првата зона од градот комплетно е расчистена.

– Сите возила од утринава се во првата зона,каде снегот е околу десет сантиметри.Веќе се расчистени и посипани со сол и ризла главната улица, пристапите до итните служби, паркинзи и сообраќајници, а веќе се поминуваат и угорниците, помалите улици и пристапни патишта, рече Драги Пешовски раководител на службата за зимско одржување при ЈП Комуналец.

Посочи дека во селата ќе се расчистува утре, а денес ќе бидат поминати два до три пати улиците во градот, за да овозможи добро сообраќање  и да се ревенираат поледици поради најавите за ниски температури под нулата во текот на ноќта.

Снег има само на подрачјето на општина Крива Паланка, до селата Псача и Гиновце и во Славиште, општина Ранковце.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни