Џон Фалкон (51) за странските медиуми открил дека неговиот п*нис бил долг 34 сантиметри, а со тоа го привлекол вниманието на некои познати личности.
Човекот со „најголемиот п*нис на светот“ тврди дека познатите личности многу го бараат.
„Имавте неколку партнерки од Холивуд, дали често се случува да се интересираат за вас“, го прашала новинарката Џози Гибсон.
„Еве во што е работата, огромното мнозинство се само многу познати, не нужно од Холивуд“, рече Фалкон. Џон објаснил дека познатите жени најчесто стапуваат во контакт со него преку „заеднички пријатели и познаници“.
Иако не откри за кои познати жени станува збор, тој призна дека меѓу нив имало номинирани за Оскар, но и оние кои ја добиле престижната награда.
“Да, спиев со познати личности, вклучувајќи ги и номинираните за Оскар и добитниците на Оскар. Но, не можам да зборувам за тоа. Тоа не беше Мерил Стрип – ќе го оставам тоа”, рекол Фалкон.
„Вистински комплимент е кога порно актери и актерки велат дека имам поголем пенис од сите партнери што ги имале. Тие мислат дека мојот пенис е навистина најголем и најдобро знаат за што зборуваат кога го тврдат тоа, бидејќи тие имаат големо искуство“, заклучи тој.
