Најопасниот астероид се приближува кон Земјата: Двојно се зголемуваат шансите да не удри!

Шансата дека астероидот 2024 YR4 ќе удри во Земјата на 22 декември 2032 година е речиси двојно зголемена – скокна на 2,2 проценти од 1,2 проценти минатата недела, според НАСА на веб-страницата CNEOS. Меѓународната астрономска унија (IAU) го прогласи овој астероид за ниво 3 на скалата на опасност од удар во Торино, што го прави единствениот астероид над 0.

– Астероидот 2024 YR4 е откриен на 27 декември 2024 година од телескопот АТЛАС во Чиле. Набргу по откритието, автоматскиот систем за предупредување за астероиди утврдил дека има многу мали шанси да удри во Земјата на 22 декември 2032 година. Се проценува дека астероидот е широк помеѓу 40 и 100 метри, а таквите астероиди ја погодуваат нашата планета во просек еднаш на неколку илјади години и можат да предизвикаат голема штета во регионот во кој удриле. Поради ова, објектот е ставен на врвот на листата на опасни астероиди на ESA, ние активно го следиме – велат од Европската вселенска агенција (ESA).

НАСА проценува дека оваа вселенска карпа тежи речиси четвртина милион тони и би експлодирала со сила поголема од 2,2 милиони тони ТНТ, што е 150 пати посилно од атомската бомба фрлена врз Хирошима, пишува The Telegraph. Локациите на ризик, според сегашните пресметки, се Западна Африка, Индија и Јужна Америка.

Сличен астероид ја предизвика експлозијата Тунгуска на 30 јуни 1908 година.

Единствениот астероид кој имал повисоко ниво на скалата на Торино е 99942 Apophis, кој имал ниво 4 на крајот на 2004 година. Меѓутоа, по последователните студии на неговата орбита, тој бил отстранет од Торинската скала бидејќи било утврдено дека не претставува опасност во следниот век.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното