Пекинг ги предупреди своите трговски партнери да не подлегнуваат на притисокот од САД за ограничување на трговијата со Кина во замена за ослободување од „реципрочните“ царини на претседателот Доналд Трамп.
Коментирајќи ги неодамнешните медиумски извештаи за плановите на САД да ја изолираат кинеската економија преку трговски преговори, портпаролот на кинеското Министерство за трговија.
„Попуштањето не носи мир, а компромисот не носи почитување. Барањето привремен личен интерес на сметка на другите – во замена за таканаречените исклучоци – е исто како да барате кожа од тигар. На крајот нема да постигне ништо и ќе им наштети и на другите и на самите себе. Ако дојде до таква ситуација, Кина нема да ја прифати и решително ќе преземе реципрочни контрамерки“, се вели во соопштението.
На 9 април, Трамп ги паузираше своите „реципрочни“ тарифи за повеќето земји на 90 дена, притоа насочувајќи го фокусот на својата трговска офанзива исклучиво на Кина, зголемувајќи ги давачките за кинескиот увоз на неверојатни 145 проценти.