Македонија

Најстариот пренаменет „Хермелин“ кој ќе гасне пожари е од 1998 година

Најстариот пренаменет „Хермелин“ кој ќе гасне пожари е од 1998 година

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука со која Министерството за внатрешни работи (МВР) пренесува трајно користење на вкупно 33 оклопни и специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување, соопштува најновиот број на Службен весник (бр. 136 од 7 јули 2025).

Според одлуката, Дирекцијата ќе добие:

  • 5 оклопни возила „Хермелин“, типови 05, 07, 09, 11 и 13;
  • 10 оклопни возила „БТР“ (бронетранспортер), различни модели и години;
  • 18 специјални теренски и товарни возила „Пинцгауер“ од повеќе серии и типови.
Вака изгледаа претходно, сега власта ги бојадиса во црвени

„Со оваа одлука на досегашниот корисник Министерството за внатрешни работи му престанува користењето на движните ствари – возила, и тоа: 5 оклопни возила марка Хермелин (типови 05, 07, 09, 11, 13); 10 оклопни возила марка БТР; 18 специјални теренски и товарни возила марка Пинцгауер, различни типови и години на производство.“

Најстарото возило меѓу пренесените е оклопен „Хермелин“ тип 05, произведен во 1998 година, а најновите „Пинцгауер“ возила се од средината на 2010-тите. Сите возила се детално опишани со број на шасија, мотор, година на производство и регистарски ознаки во решението на Владата.

Според Владата, со оваа одлука значително ќе се зајакнат оперативните капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, особено за интервенции во природни катастрофи, пожари, поплави и други кризни состојби. Возилата се предаваат без надоместок и веднаш влегуваат во системот на јавна заштита.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни