На Попова Шапка утрово е најстудено со температура од -4 степени. Следуваат Берово и Маврови Анови со -1, Крушево и Лазарополе со 0 степени, додека во Прилеп и Струмица се измерени 1 степен. Температура од 2 степени има во Битола, Демир Капија, Штип, Кавадарци, а 3 степени се измерени во Охрид и Претор. Во Гевгелија, Дебар, Крива Паланка, Виница, Велес и Куманово температурата е 4 степени, додека во Скопје-Петровец, Тетово и Скопје-Зајчев Рид има 5 степени. Најтопло е во Скопје-Зајчев Рид со 6 степени.
На Попова Шапка има највисока снежна покривка од 42 сантиметри, додека во Маврови Анови се измерени 29 сантиметри, а во Крушево снежната покривка изнесува 6 сантиметри.