Најстудено утро во Попова Шапка, измерени -3 степени

Минималните утрински температури денеска се движат од -3 степени на Попова Шапка, до 9 степени во Демир Капија. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Крушево и Маврови Анови, 1 степен во Тетово и Лазарополе, 2 степени на Зајчев Рид и во Струмица, 3 степени во Прилеп, Велес, Берово и Кавадарци, 4 степени во Охрид, Крива Паланка и Претор, 5 степени во Битола и Виница, 7 степени во Гевгелија, а 8 степени во Штип.

Во изминатите 24 часа најмногу воден талог е наврнат во Маврови Анови – 12 литри на метар квадратен, по 10 литри во Лазарополе и Пожаране, 6 литри во Пожар, 5 во Тетово, 4 во Крушево, 3 литри во Претор и на Попова Шапка, 2 литри во Битола, Охрид и Гевгелија, а по 1 литар во Демир Капија, Кавадарци, Струмица, Берово и Прилеп.

Снежната покривка до 7 часот утринава изнесува 34 сантиметри на Попова Шапка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 5 до 11 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.