Најстудено утрово на Попова Шапка

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажаа -3 степени. Во Мавровотемпературата се спушти до -1 степен, додека во Лазарополе и Крушево беа измерени нула степени.

Снежната покривка е најизразена токму на Попова Шапка, каде се измерени 57 сантиметри снег.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Маврово, каде наврнаа седум литри на метар квадратен. Потоа следуваат Битола со шест и Охрид со пет литри, додека дожд имаше и во Претор, Попова Шапка, Берово, Лазарополе, Виница, Тополчани, Скопје, Демир Капија и Крушево.

Метеоролозите најавуваат дека времето денеска ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе нови врнежи од дожд. Со продорот на постуден воздух, на планините и на повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на одделни места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Дневната температура ќе се движи меѓу 7 и 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, проследени со засилен до силен северен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 10 степени.