Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени -12 степени

Најниската утринска температура е измерена на Попова Шапка со -12 степени Целзиусови, додека во Берово се регистрирани -10, а во Крива Паланка -9 степени. Во Ѓуриште утринските мерења покажаа -8 степени, а -7 во Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови.

Температурите од -6 степени се забележани во Крушево и Виница, -5 степени во Велес, Пожаране и Тополчани, а -4 степени во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип. Во Претор е измерено -3 степени, додека -2 во Струмица, Охрид, Кавадарци, Тетово и Битола. Највисока утринска температура од 1 степен е регистрирана во Гевгелија.

Според податоците, снежна покривка утрово до 07 часот има на три локации: 24 сантиметри на Попова Шапка, 7 сантиметри во Маврови Анови и 4 сантиметри во Крушево.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 0 до 6 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер, а дневниот максимум ќе достигне до 4 степени.