Минималните утрински температури во земјава се движеа од -2 степени на Попова Шапка до 9 степени во Струмица, Демир Капија, Штип и Гевгелија. Најниски температури од 1 степен беа измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 2 степени во Крушево, 3 во Пожаране, а 4 степени во Тополчани, Претор и Прилеп. Температура од 5 степени е регистрирана во Берово, Тетово, Охрид, Ѓуриште и Битола, додека во Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид и Велес беа измерени 6 степени. Во Кавадарци и Куманово минималната температура изнесуваше 7 степени, а во Виница 8 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Гевгелија – 19 литри на метар квадратен, потоа во Струмица 12, Берово 10, Демир Капија, Крива Паланка и Попова Шапка по 9 литри на метар квадратен. Во Битола, Пожаране и Лазарополе наврнале по 8 литри, во Тетово и Маврови Анови по 7, во Крушево и Ѓуриште по 5, а во Прилеп и Штип по 4 литри на метар квадратен. Во Виница и Велес се измерени 3, во Претор, Куманово, Кавадарци, Охрид и Тополчани по 2, додека во Скопје – Зајчев Рид и Скопје – Петровец по 1 литар на метар квадратен.
Снежната покривка до 7 часот утрово изнесува 8 сантиметри во Крушево.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови се очекуваат врнежи од дожд, локално над 20 литри на метар квадратен, додека на повисоките планини во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Максималната дневна температура ќе се движи од 8 до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 13 степени.
