Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени минус три степени

Утринава најстудено на Попова Шапка каде се измерени -3 степени, додека нула степени се регистрирани во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево. Со 1 степен се Пожаране, а 3 степени се измерени во Крива Паланка и Тополчани.

Минимални 4 степени се измерени во Берово, Ѓуриште, Тетово, Претор и Охрид, 5 степени во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп и Виница, 6 во Кавадарци, Струмица и Штип. Во Скопје-Петровец, Велес и Демир Капија утринската температура изнесуваше 7 степени, додека најтопло со 8 степени беше во Гевгелија.

Во изминатите 24 часа до 7 часот најмногу дожд наврна во Битола и Гевгелија – по 7 литри на метар квадратен. Во Крушево, Претор и Пожаране се измерени 6 литри, во Прилеп и Тополчани 5, а 4 литри во Тетово, Ѓуриште, Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе. Три литри на метар квадратен се регистрирани во Скопје-Петровец и Велес, 2 во Охрид, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, 1 во Берово и Кавадарци, додека во Штип, Виница и Струмица наврнале помалку од еден литар на метар квадратен.

Снежна покривка утринава има само на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени 67 сантиметри снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 12 степени.