Најстудено утрово во Берово, измерени -5 степени

Најниската утринска температура е измерена во Берово со -5 степени, додека на Попова Шапка се забележани -4 степени. Температури од -3 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола, додека -2 степени се измерени во Штип, Прилеп и Демир Капија.

На Зајчев Рид во Скопје, како и во Кавадарци, Крушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија и Претор утрово се забележани -1 степен, додека во Тополчани и Охрид температурата изнесувала 0 степени.

Во изминатите 24 часа е наврнат воден талог од 6 литри на квадратен метар во Демир Капија и Штип, 4 литри во Радовиш – Пожар, Кавадарци и Виница, а по 3 литри се измерени во Струмица. Во Прилеп и Берово наврнале по 2 литри, а по 1 литар во Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес и на Попова Шапка.

На Попова Шапка снежната покривка утрово достигна до 30 сантиметри.

Според најавите од метеоролозите, денес претпладне ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, додека максималната температура ќе се движи од 6 до 10 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со повремен дожд попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.