Најстудено утрово во Берово со измерени -11 степени

Најстудено утрово во Берово со измерени -11 степени Целзиусови. Во Крива Паланка, Маврови Анови и на Попова Шапка утринските температури достигнаа -10 степени, а на скопскиот аеродром Петровец беа измерени -9 степени.

Температури од -8 степени се забележани во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево, додека -7 степени имаше во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип. Претор и Виница измерија -6, Охрид и Битола -5, а најмалку студено беше во Гевгелија со -4 степени.

Се вчитува...

Снежна покривка утрово имаше на планинските предели. Најмногу снег е измерен на Попова Шапка – 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.

Во текот на денот се очекува претпладне сончево време со мала облачност и појава на магла во одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југoисточен ветер, а максималната температура ќе се движи од -2 до 8 степени.

Во Скопје, времето претпладне ќе биде сончево, а попладне умерено облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 4 степени.