Во земјава утрово се измерени ниски минимални температури, при што најстудено било во Скопје–Петровец, Битола и Берово со минус 6 степени. Температура од минус 5 степени е регистрирана во Струмица и Демир Капија, додека во Штип, Велес, Куманово и Тетово биле измерени минус 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид, како и во Кавадарци, Гевгелија и Прилеп минималната температура изнесувала минус 3 степени. Во Крива Паланка биле измерени минус 2, во Охрид, Маврови Анови и Претор минус 1 степен, додека во Виница температурата била нула степени. Повисоки утрински температури се измерени на планините, со 3 степени на Попова Шапка и во Крушево.
Во претпладневните часови по одделни котлини се очекува појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 8 степени.
