Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран
ФОТО: 4news.mk

Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -6 степени Целзиусови, додека најтопло е во Дојран со пет степени.

Според УХМР, до 8:30 часот -5 се измерени на Попова Шапка, -3 во Струмица и Лазарополе, -2 степени во Маврови Анови, -1 во Крива Паланка, Штип, Демир Капија и Крушево, 0 степени пак во Битола и Виница, 1 степен во Скопје-Петровец, Прилеп, Претор, 3 степени пак Скопје-Зајчев Рид, Тетово,Охрид, 4 во Гевгелија.

Времето денеска претежно облачно и студено, од пладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни доцна попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките, а и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни