Македонија

Најстудено во Попова Шапка – најмногу снег во Маврови Анови

Утринава најстудено било на Попова Шапка и Берово каде се измерени -4 степени.

Нешто пониски температури се измерени – -3 Kрива Паланка, -2 Претор, Битола, Прилеп, -1 Тетово, Охрид, Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Дебар, Крушево, 0 Виница, Струмица, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Дојран.  

Најмногу снег има во Маврови Анови каде се измерени 28 сантимтри.

Висината на снежната покривка во Попова Шапка е 23 сантиметри, во Крушево 11, во Лазарополе 6, Пожаране 5 и 2 во Ѓуриште.

Вечерва во првата половина од ноќта претежно ведро, а утрово има појава на мала до умерена, на места и значителна облачност.

Вдолж Повардарието дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни