Мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево покажуваат дека едни од најзагадените градови во Македонија се Прилеп со измерени 314 mg/m3, Куманово со 224 mg/m3 и Тетово со 209 mg/m3.

По нив следуваат и скопски Центар со измерени 198 mg/m3, Кавадарци со 194 mg/m3 и Струмица со 173 mg/m3

Доколку ПМ10 честичките два дена едноподруго го надминуваат прагот над 175 ПМ10 тогаш владата излегува со препораки.
Според истражувањата греењето е една од причините за загаден воздух, бидејќи најголемиот дел граѓани обично се греат на дрва.
ФОТО: Архива