Намалена видливост поради магла на патиштата: Струмица, Тетово, Плетвар и Делчево

Врз основа на последните податоци, намалена видливост поради појава на магла е регистрирана на неколку патни правци: до 80 метри во Струмица, до 100 метри во Тетово, на планинскиот превој Плетвар до 50 метри, и до 100 метри во Делчево.

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сепак, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење и прилагодена брзина согласно условите на патиштата.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани, а потребната механизација и работна сила се постојано на терен за расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат координирани активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат да управуваат внимателно и совесно, задолжително да користат зимска опрема и да го почитуваат поставеното сообраќајно сигнализирање. Исто така, се препорачува редовно информирање од страна на сите информативни центри за актуелните услови на патиштата.

Координираните активности на надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.