Напад со нож во парк, меѓу убиените има и дете! Хорор во Германија среде бел ден

Најмалку две лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во напад со нож во парк во германскиот град Ашафенбург.

Нападот се случил во парк во центарот на градот, пренесува Билд.

Според првичните информации, загинале две лица, меѓу кои и едно дете, додека неколку лица се повредени.

На терен се голем број полицајци и возила на брза помош.

Според полицијата, првично била нејасна позадината. Железничкиот сообраќај на Јужната станица во моментов е во прекин бидејќи осомничениот се обидел да избега преку шините.

Билд пишува дека се уапсени две лица.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното