Свет

Напаѓачот на затворските чувари разменувал писма со терористот од Стразбур

Мајкл Киоло, кој во вторникот нападна два затворски службеника во затворот Конде-сур-Сарт, разменувал писма со Шекат Шериф,одговорен за нападот на Божиќниот пазар во Стразбур, без да спомене дека е можно да премине на дело, јавува дописникот на МИА.

Двајцата терористи  „размениле” писма, според извор близок на истрагата, кој ги потврдува информациите од француските телевизии.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни