Здравје

Напиток кој влијае на концентрацијата и меморијата

Напиток кој влијае на концентрацијата и меморијата

Какаото отсекогаш важело за пијалок кој најмногу го пијат децата, но малку е познато дека какаото е еликсир на младоста и здравјето за сите генерации.

Истражувањата покажуваат дека какаото не е само вкусен напиток кој ќе ве заслади или загрее, туку и прекрасна храна за подигнување на расположението, зајакнување на имунитетот и зајакнување на вашата виталност.

Млекото од какао позитивно влијае на концентрацијата, ја подобрува меморијата и циркулацијата на крвта и го одржува нормалното ниво на холестерол.

Какаото содржи цинк, минерал кој е многу важен за производство на протеини и одржување на добро здравје. Зрната какао содржат здрави масти, јаглени хидрати, антиоксиданси и растителни влакна. Присуството на елементот епикатехин во какаото му помага на телото да се бори против воспалителните процеси, го намалува ризикот од дијабетес и срцев и мозочен удар.

Многу луѓе избегнуваат да пијат какао затоа што веруваат дека е масно, но ако го пиете умерено, какаото може брзо да ве засити, да ви го регулира апетитот и со тоа да го намали ризикот од дебелеење.

Рецепт:

Во 300 мл топло млеко (кравјо или козјо) истурете 1 рамна лажица какао во прав, додадете 1/2 лажичка цимет и 1/2 лажичка мелено каранфилче.

Добиената смеса ставете ја на средна топлина и доведете до вриење. Добиениот пијалок можете да го засладите со лажичка мед.

Се препорачува да се пие наутро, на празен стомак.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни