Новата година и Божиќ се празници кога живееме во магија, фантазираме, замислуваме желби, се радуваме, а некои мали обичаи можат дополнително да ни го разубават празничниот дух и да донесат среќа. Една од нив е правење тегла со желби и благодарност што можете да ја направите за себе, но и за другите како подарок.
За време на празниците особено е важно да бараме благодарност, да се потсетиме на личната среќа, успехот и луѓето што ги имаме и старите желби кои се исполнети, а потоа да почнеме да визуелизираме и исполнуваме нови желби. Во тоа може да ви помогне правењето тегла со желби и тегла со благодарност.
Потребна ви е мала тегла која ќе ја украсите со светки, панделки, налепници, како што сакате. Се препорачува теглата да биде украсена со црвена боја, бидејќи таа е симбол на радост за време на празниците. Украсете колку што можете поубаво две помали тегли, и едната ќе биде тегла на благодарност, додека другата е тегла со желба.
Исечете ја хартијата на помали парчиња и на секоја напишете го она за што сте благодарни во 2021 година. Запишете ги сите добри работи што ви се случиле, како и сите ваши успеси, препреки што сте ги надминале и победите. Свиткајте ги парчињата хартија со зборовите на благодарност напишани во ролна, завиткајте ги со црвена лента или конец и ставете ги во тегла. Затворете ја, ставете ја теглата под елката и на новогодишната ноќ прочитајте за што сте благодарни и ќе ви ја отвори вратата за поубава и порадосна енергија на почетокот на 2022 година.
Истата постапка повторете ја и со теглата со желби, но така што на секое парче хартија ќе напишете по една желба. Важно е желбите да бидат јасно и прецизно дефинирани. На пример, – „Сакам да купам стан од 60 квадрати во овој и оној дел од градот; „Сакам да отпатувам за Бали за 5 месеци. Важно е во желбата јасно да се посочи времето, местото и предметот на исполнувањето на желбата. На овој начин испраќате точни и позитивни вибрации до Универзумот и се мотивирате да го исполните она што го сакате.
Отворете ја теглата со пораки на благодарност за новогодишната ноќ и прочитајте за што сте благодарни во годината во која се збогувате. Додека еднаш неделно ја отворате теглата со желби и извлекувате една желба, тоа нека ви биде мотив да го постигнете она за што сонувате. Тие желби нека ве потсетат која е вашата крајна цел.
Најдоброто нешто е што можете да направите тегли со желби и благодарност за драги луѓе и да им подарите подароци за празниците. Им пишувате за што сте благодарни, ги набројувате сите работи што ви значеле и што сакате да им посакате во Новата година, ставете во тегла со желби.
