НАПРАВЕТЕ НАПИЈАЛОК КОЈ ЧИСТИ: Совршен за пушачи и бивши пушачи! (РЕЦЕПТ)

За да ги прочистите белите дробови од цигарите, ќе имате корист од пијалок со лековити својства направен од три билни напивки, ѓумбир, кромид и куркума.

Ѓумбирот – овој древен зачин се користел уште од античко време поради неговите лековити својства. Меѓу другото, помага да се елиминира вишокот слуз во белите дробови.

Се вчитува...

Кромидот – како и лукот, има антиканцерогени својства и е одличен другар при многу малигни состојби. Посебно е ефикасен во спречување на разни болести на респираторниот систем.

Куркума – Куркумата или индискиот шафран е богат со витамини и минерали, а содржи и супер здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, затоа не заборавајте да ја збогатите вашата дневна исхрана со овој зачин.

За напитокот ви треба:

Состојки:

  • 400 гр кромид
  • 1 литар вода
  • 400 гр шеќер (ако сакате поздрава верзија, користете мед или јаворов сируп)
  • 2 лажици куркума
  • Корен од ѓумбир со големина на палец

Во водата додадете шеќер, ставете на оган и оставете да зоврие.

Главите кромид се сечат на четвртинки, се сечка коренот од ѓумбир и се додаваат двете во засладената вода. Кога смесата повторно ќе зоврие, додадете ја куркумата и намалете ја топлината на минимум.

Оставете ја смесата да се готви додека количината на вода не се намали за половина. Потоа процедете го и истурете во тегла. Кога целосно ќе се излади, ставете го во фрижидер и чувајте го таму цело време.

Земете две лажици од еликсирот наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.