Направете сами: Чоколаден балсам за уста

Доколку навистина сакате да уживате во производот за нега на вашите усни, осигурете се дека ги имате неопходните состојки за овој фантастичен чоколаден балсам кој е одличен за заштита во зимските денови.

Потребни состојки:

  • 5 грама масло од какао
  • 2 грама кокосово масло
  • 1 коцка чоколадо за готвење

Маслото од какао ја омекнува сувата кожа, ја хидрира и ја зголемува нејзината еластичност. Кокосовото масло има пријатен и нежен мирис, ја прави кожата мазна и ја штити од сушење. Чоколадото е одличен додаток за уште подобар мирис и вкус.

Начин на подготовка:
Маслата растопете ги на пареа, па потоа додајте го чоколадото. Мешајте постојано додека не добиете густа смеса, а потоа пресипете ја мешавината во мало кутиче. Оставете го балсамот да се излади и потоа е подготвен за користење. Рокот на траење му е 2 месеци.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното