Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

Со помош на каков било пар ракавици и спроводлив конец, можете да направите ракавици со кои ќе можете да го користите вашиот мобилен телефон или таблет без да морате да ги соблечете. Постапката е многу едноставна и нема да ви треба ничија помош.

Сè што треба е да сошиете неколку паралелни линии на делот од ракавиците каде што влегуваат прстите кои најмногу ги користите при ракување со уредите. Откако ќе го направите ова пробајте ги и ако не фаќаат добро, зашијте уште конец. Во суштина, сè додека конецот го допира вашиот прст внатре и екранот од надворешната страна, би требало да имате функционални спроводливи ракавици.